2024-03-27

МАРТ




Глумиш коцка лед 

Украсно висиш на обесениот ѕид

Несвесниот март во твоите мускулни влакна 

ме дофаќа 

Затреперува бура Ти ко бура 

Јас ко ветар Ја поткревам завесата

пред надојдениот бран   

Ко зашеметен ветар шетам ваму-таму 

околу скаменетото пулсирање

Се качувам со поглед Се качувам со здив Со усни      

Погоре го кревам морето 

Погано насмевнат твојот поглед се заканува

Со ум ме зграпчуваш

Ме зграпчуваш со нозе Зграпчена сум во тебе

Бурата нè опфаќа

Мартовско празнување ми приредуваш

Ме обликуваш Ме вајаш

Водено ме тркалаш околу надојдените бранови

Ме притискаш ко шампањска пена

Ме лижеш Шлаг

Ко вода ме раздвојуваш

На градите свои ме стопуваш

Ме исчезнуваш во своите раскошни мартовски гради

Во твојата боговска кожурка

2024-03-19

БОЖИЦА НА ПОДИВЕНИТЕ МАЧКИ

 





Моите извици на голема ранета мачка

го разбудуваат твојот обесен светец

Неговата нема насликана претстава

неразбудена со векови

сака да ме замолчи

Да го прекине моето врескање

Тој би го употребил малото насликано копје кога би можел

Моите извици го подгреваат твојот личен атеизам 

Го предизвикуваш да направи чудо

Сега и овде да ме замолчи

Го одмеруваш своето копје со неговото насликано

Полн со себе Ме распнуваш

Како божица на мачките

Ве гледам без трепнување

големиот светец

па тебе

големиот светец

па тебе

...аналитично го доловуваш врескањето

помислуваш дека кога не би врескала толку

би била сосема добра сопруга со устата ко бонбона

со нежните меки свиоци на телото

со циничноста...

Запира твојот внатрешен монолог

Сосема празен ги бараш знаците на победата

Лежам под сликата на светецот

како голема мртва мачка

Светецот оглувен пред околу 5 минути

доловувајќи ги моите фацијални експресии

го претчувствува нашиот крај

 


2021-02-17

МЛАДАТА БАБА И ДВЕТЕ СЛАБИ ЖЕНИ


спирално излупени јаболкови кори и миризливи свеќи во различни бои стари грнци со поцрнети дна турнати во аголот над картите со неверојатни сликички кои претскажуваат се што утре може да се случи седната Младата Баба со хорор шминка околу испакнатите очи црвено руменило по виснатите усни рацете како рекламен излог за накит ги дочекува Двете Слаби Жени кои недоверливо се спојуваат со амбиентот Младата Баба уште пред да ги погледне Двете Слаби Жени засрамени и исплашени ги затвора очите се преселува во димензиите на блискиот милениум ги повикува да ја сплотат енергијата нејзините нурнувања во космичката енергија ги протресува ко грч Двете Слаби Жени и тие некако понизно и веќе сосема уверени во моќта на Младата Баба се предаваат во час на последна надеж нивните стеснети души се сплотуваат во желба да се овистинат сните Младата Баба веќе потоната во судбинското море гледа и што било и што ќе биде со глас отсечен и рапав нејзиниот здив се губи понекогаш во пламенот на свеќите понекогаш се чини дека Младата Баба сосема ќе исчезне од реалното опкружување дека додека ги крева и спушта рацете во брз транс ќе полета со килимот под себе Младата Баба проповеда со мистични зборови ја обликува тишината и зборовите кои се чини доаѓаат од дното на Земјата изречени со чуден акцент кој ја поткрева нејасноста на кажаното предвидување Младата Баба лови во времето уверливо не погледнувајќи во Двете Слаби Жени и ним повеќе не им е важно значењето на визијата Двете Слаби Жени би останале засекогаш во собата со спирално излупени јаболкови кори и расфрлени гравчиња со најразличен дезен прицврстени без здив во воздухот обременет со мирис на парафин би гледале без забелешка во фиктивниот перформанс би зјапале во себе-отсутните во себеси -невидливите актерки на виртуелниот танц Младата Баба сега ги гледа јасно ги гледа тие се убави и богати и сакани и нивните среќни деца се убави богати успешни тие се здрави некаква неидентификувана машка фигура се појавува во животите на Двете Слаби Жени и хепиендот е среќен редот на зборовите на Младата Баба е обратен бидејќи таа сега здогледува едно дотогаш непредвидливо дотогаш дотогаш тие мораат да се потрудат да ги следат нејзините совети за да ја елиминираат успешно магијата која гледа им е направена од блиска женска личност потребна е антимагија таа ќе им ја каже ќе ја направат не треба да се плашат од лошо повратно дејство женската личност во нивниот двор закопала нож под цвеќето ножот е со острицата свртен нагоре кон небото тоа ја продуцира негативната енергија и ги одвраќа успесите тие мораат да го откопаат ножот да го фрлат далеку да го попрскаат дворот со течност која ќе им ја даде Двете Слаби Жени вкочанети ментално вкочанети со секој мускул забораваат на вчера на утре на денес и неудобноста е уште понепријатна скепсата за среќа која како црна сенка ги следеше на патот до оваа пештера се всадува подлабоко свртена со острицата кон срцето Младата Баба ја спушта главата со затворени очни капаци го приземјува рекламниот излог за накит на празното место меѓу картите од кои ѕиркаат Смрт Љубов Надеж ги сместува леко канџите премачкани со црвена боја и со израз матен со глас рапав со глас заглушувачки и тивок уморно изговара дека силата на енергијата ослабнува повеќе следниот пат Двете Слаби Жени ги собираат вкочането зинатите усни очите приковани се спојуваат со темнината Двете Слаби Жени со брз страв и каење плаќаат додека подведнати го преминуваат ресестиот отвор Младата Баба со темето удира во масата пред себе испуштајќи глас кој наликува на ненадејно залипување или несреќна насмевка Двете Слаби Жени маѓепсано не се осмелуваат да ги свртат погледите

2017-12-05

СКОК ВО ПРАЗНО



Пак го гледам нејзиниот профил 
Во аголот на перницата
Мирисот нејзин засекогаш се впил во ѕидовите на овој стан
И како да ме турка надвор
Зад вратата
Како да сака да ме спаси
плашејќи се да не го заземам нејзиното место

Како скокање банџи
Секој твој повик е како предизвик
Како драма со непредвидлив крај
Како нуркање под вода без кислород
Како предизвик
Како преиспитување
Како скок во празно


2016-04-18

ПИСМО ДО И.И.





Како одговор на една стара песна
https://www.facebook.com/notes/181694161656/

Што да ти кажам пријателе
Тивко е тука
Тишина во која нема примеси
Едноставна и погубна
Убиствена како студ јануарски во доцна пролет
И само бездни
дупки се отвораат
околу мене
колку постара сум
се удолу
ништо угоре
И ни еден сон
и ни една стварност
не е сосема вистина
и ни еден стих
сосема нов
сосема мој

Што да ти кажам пријателе
Тивко е тука
тука никој не плаче наивно
ревам сама до липање
викам гласно
викам лудо
трескам по ѕидовите
корнам од стаклата
ама не се слуша
херметичко е моето мало дувло
не влегува ни зрак
а и не ми треба
учам да не дишам
учам да не мислам
учам да не љубам
оти така треба

2016-03-26

КРАЈ











Те прележувам
Како заушки Сипаници
Или некаков нов тип грип
Заболувам од твоите лаги
Непотребните изговори
И те прележувам
Како прво пијанство
Студ во градите
Врелина во виугите
Те прележувам
Во морници
Во бунило го извикувам твоето име
Те прележувам две недели
Со анти -депресиви
и големи количества Исаковски
Во моите болни халуцинации
Чувствувам
Ти мене ме презираш
Ко прва шлаканица
Во моите болни халуцинации
Те гледам
Како бегаш хистерично
Од мојот зелен поглед
Од мојата сурова вистина
Од мојата болна праведност

2015-11-09

МЕЃУ РЕДОВИТЕ

Ме прашуваш дали пишувам се уште
Знам сакаш да прашаш:
-Дали ти Sash пишуваш за мене?
Би ти рекла:
-Јас пишувам за секого по малку
Ама ти велам:
-Немам инспирација
Знам ме читаш on line
Ама сакаш да знаеш што мислам
Што точно мислам
Најточно мил мој, мислам само на тебе
Проклето fucking само и единствено на тебе
По цел ден
Понекогаш и по цела ноќ
Не знам дали си се препознал
Дали си се видел помеѓу слоговите
Во празнините на буквите
Во насловите полни метафора
Дали интуитивно си насетил
Дали по инерција си сфатил
Дека те љубам
Онака авто- деструктивно
Како што пишувам

Не си храбар да ме прашаш дрско
Не сум дрска да ти кажам храбро

2014-03-11



ПРЕМИН



премин
од кошмарна ноќ полна вресоци
во утро без гласни жици
тивко и затегнато
го одложуваме будењето
за да не ја видиме празнината меѓу нас
не дишеме
лажираме сон
лежиме еден покрај друг
како кукли
како странци
како две големи салами
Лежиме на стомак
Егоистично
Како последни преживеани
Не зборуваме
Јас со солза на сред око
Ти со кнедла на сред грло
Само молчиме во гнев
Секој на својата страна од ѕидот
Го следиме празното
Додека останатиот свет
го вдишува последниот пролетен снег
Ние го претчувствуваме
Последното заедничко полудување
во празниот стан

***

Се убиваме сосема полека
Сосема тивко
Скоро немо
Сосема без движења
сосема без зборови
ние двајца веќе полумртви
на половините од нашите животи
трупови од мисли
трупови чувства
натрупани врз нашите безживотни тела
нашите хипер реални умови
нашите хипер интуиции
не мрдаме
само се гледаме
притаени ко ѕверови
во надеж дека другиот прв ќе трепне,
прв ќе згреши
прв ќе прозбори
прв ќе умре

2012-11-24

ОПСЕСИЈА





Пак ли вие мисли во мојата фотелја

Пак ли исти

Исто мрачни

Како невидлив недопирлив зрак

Пак ли за Dark

Пак ли во иста форма

Со букви црни

Пак ли така без цел

Без смисла и точка светла

Пак ли буквите од тоа име

D A R K

Како повторлив рефрен

Птичјо гракање

А јас ко некој луд поет

Ко Едгар Алан По

Сосем сама ко тој

Исплашена ко птица

Исплашена од мрак

Од мрачното име

И претчувствата бројни

Претчувства вѕидани во мрак

Љубовни можеби

Нејасно е сега

а ја нема

Ни љубовта

Ни Dark

само мојот гракнат мрак

2011-09-01

ENGLISH TRANSLATIONS (translated by author and Miss Ana Stanojevska)

Plastic attempt for a suicide

I want a new ass and new tits a new brain new me
while I am planning the perfect suicide
while I am installing theatrically
the misanscene of my future funeral
just to imagine hipper realistically the faces of everybody around
mourning after me
everybody around determining how genius poet
I used to be
all around actually crying over their own cowardliness
taking a box of pink pellets

I want a new ass and new tits a new brain new me
while I am postponing the night for my perfect suicide
while I am imagining theatrically my posthumous glory
just to meet my favorite patient tonight
who will find out in the next twenty four hours how realistically
he used to love me
and he will never try to satisfy another women

I want a new ass and new tits a new brain new me
while I am dazzling myself with the professionalism
of a make up stylist
while I am hiding the imperfectness
of my present body
just to over-drink vodka for the last time
with some accidental patient
who will read next morning how genius poet I used to be
and will start thinking realistically about the missed opportunity
for being my last




Obsession First


Your name begins with Dark
Darkness in your mouth
The skin like dark
Dateless trance
Who I am?
How much are you?
Both standing with silence
Frightened by Dark
By the letters in your name
By semantics their wild
Frightened by ourselves
By the passion in the names
By the nouns physical wild
That develops semantics in this time
Wild
Meaning for some life different
Scream in the dark
Wild



Dark

Stiffen palate
Palates before stiffening
Vibrators
Before drowsing
Green
Pink
Multicoloured
Trendy
and similar as the original
Fake
Everything is fake
The vibrators
The stiffen palates
The colors
The only real thing is the sugar candy or
The doughnut
Pink
Luxury
Desirable and irresistible
Maybe sweet
Viva la Fraud



Co-driver

My co-driver could be my concurrence
In any beauty competition
Your phallus erodes
The co-driver with every manner looks like antic sculpture
and my attempt to fit in your provincial life-style
Now seems funny
Now I am making stories about me and the co-driver
Now everything is different
Without feelings
Without fears
Without hopes
Only an enormous animal need to connect with the co-driver
to touch his veins
to feel his statuesque fingers
to get attention in his crotch

Whom do you travel with?




Strategies

From Monday to Friday
I contaminate myself in restrictive spaces
I eat genetically modified food
I loose sense for aesthetic
I drink more than an average Russian

Every Friday I decide that from tomorrow (from Saturday)
I will start the revolutionary diet
I will explore the untouched areas of the near mountain
I will write every day at least ten pages
most trivial dialogs

In Sunday I realize that it would be very clever
If I create my own web
If I start going on the weddings with my mum
If I become Serious Positive Kind Feminine Simple
If I earn the first million even though unsuccessful marriage

Every fucking week I fail with the plans from the weekend


ART

I do not leave the apartment for couple of days
I clean it exhaustive
and than I mess it
I eat scraps
Drink strange cocktails
I enlarge the dust heap
I talk to myself
First I am Juliette and than I am Romeo
The phone and the internet are disconnected long time ago
The TV set is my best friend
I watch channels forbidden for persons under 18
The door bell rings
I don’t even try to check who’s on the front door
It rains all the time
It rumble threatening
There is nobody on the streets
It is some holiday
Not for me




That night

While you were adoring me in another era while you were kneeling while you were simple while you used to know how to love while

When in some time happier than now when you used to know how to listen when you used to know how to recognize the denotations to predict the unseen arguments for happiness when

Had you lied to me unexplainable about the completed gaps in your existing about the deafness I can hear is screaming about the darkness I can see is shining Had you lied to me unexplainable with the voiced consonants with the screaming slices Had you



Midnight happenings


Heads Every night lots of heads
Dark heads
Empty
Undefined facial expressions
Monotonous
Dark heads placed one next to the other
Dark like soil Like anemic sky
Like un-blood water
The men are elevation handicapped
They believe in the power of the battery toys
Then at the toilet –ballerinas with batteries
Strange female persons
Inviting me to share the moment
To experience mutually a relief
It’s so funny from today’s perspective
But so irritating at the moment

Someone asks my cellular number
It is so cognizable and boring

My speeds are mixed

I only desire my mysterious on-line lovers




Me, You, The Earth


The earth cracks
lava in our city
in our darkness
in our shadows
Only ours
only me and you
We are noticing the removals
the processes
The cracks of the earth
we are registered in the earth we are sensing
we are in the cortex
we are earth
completely
only me you and the earth
in the chests
in the eyes
we are trembling
your eye only your quiet eye is not trembling
it is dramatizing the truth
or it is advertising
the eye the single only the one
while we are swinging
it is trembling into the earth
united
the cortex starts to tremble
the earth
the eye is quietly pointed on me
on me
only


EMTINESS


Istanbul is boiling
Istanbul is pouring from every stone
It had never poured like this in Skopje
Theater
Monodrama in a small hotel room
while homogenous Cyrillic letters
are pouring in my tensed vocal cords
while in my fingers is sinking that feeling
while Emptiness fluctuates slowly
Skopje is distant
Skopje is dry
I know from the net
You're distant
You’re without movements
Unreal
I know by remembering
Never so clear as now
Only a letter
Slot in the memory
Time - crack in the walls of Byzantium
It does not raining as in a movie here
It thunders without dramatization
The mosques scarily loud scream
Repeat terrifying all afternoon the terrible
letter of your name
As it is quite natural
As it is natural to feel so much Emptiness
because the facts of your life
your personal phobias
Frustration

Rotation
Movie set
The Sultan’s arches
The atrium The cisterns
Spinally rotate around their own axis
As it is politically correct
As it is ethically correct each word to contain
that letter with its own symmetry
Everything spins
Bosphorus rotates around its fourth letter
Magic
History in a cup of coffee
Even Bosporus is small to crush this feeling
This Emptiness
Smells of treason
On your first letter On you
Thousands Cyrillic letters
From the gutters
From the screaming minarets
From the head full of explosions
Fireworks Forms
Big Blue Unpredictable
As the wind As you
Bosporus bellow his fourth letter
scarily loud The bells blow
My Emptiness
Unremittingly is


CRAMP


We hide
Hide all
Dosing
Manipulating the information
Although we want
to live in a large aquarium
a la Facebook
To show everything
Each micro-pore of our faces
Our bodies
The beautiful and the ugly ones
Anything
To the bone
To be modern
Always cheerful
Transparent
Kinky
We all accept quasi friendships
Open relationships
Life a la Facebook
And we live in paranoia
In a metal bowl
Non –transparent

We install events Photos
Constantly
In cramp we are
Trapped
Eternally naked
Just ordinary people
With short-term memories


EVAS

This is a bad planet
With strong gravity
With dangerous formulas No concession
With Newton's laws that push us down
Towards filling the picture for us
Imagined
By our grandmothers
By our female neighbors
By our female teachers

Eve is lost
Eve is condemned
Nothing is according to Eve

The Evas cyclically conserve us
Preserve us
After the first scream
After the first tear
After the first step
They squeeze us in tightly dresses
Push rubber babies in our hands
Funny plastic female toys

Substance we are
In the hands of the mortal Evas
We are all Evas
Deathful
Sinful
Hormonal
Sexual

rushing early to nest in our tin
designed in advance
before birth
hermetically closed
fatally reinforced

The tins are heavy
Their mass
Multiplied by the Earth's acceleration
Is fatal

Every good action has a bad reaction

It is important to be as Eve
Because Evas we are
And Eve to become


ADVERTISING

On the other side of the reality
The world is dazzlingly white
The world is infinitely happy
Young slim people with perfect tans
Jumping
Tickling
Laughing
Singing
Do not get old
Do not get fat
Do not cry
Do not divorce
Do not suicide
The big box is great miracles
There is so little need
to be happy


GIRLS TROUBLES

Diets Calories
Protein
Citric Mediterranean
Antidepressants
Incentives
Solarium
Tool against wrinkles
Stretch marks
Heels
Bras
Depilation
Tighten skin
Silicone drops
For dry hair
Brittle nails
Pilates Fitness Yoga
Shine Créon
Diamonds Pearls
No drugs
No cigarettes
No alcohol
Moderate sex
Moderate Food
A lot of water
Up to 8 glasses per day
And only one carrot
For all female troubles


21st Century

TV channels broadcast cheap porns
Portals are full with tips for perfect sex
Sexy shops with
Sophisticated incentives
Flash toys
Everyone can buy and sell fantasy
Men prescribe themselves fantastic struggles
Women consume the real roles
Everybody read secret portals
Watch cheap porns
Everything is determined
With sparkles Shinny
Tested Offered
Just to swallow
As a small shinny pillet
21st century has shinny package for every occasion
Kama sutra is an ancient fad
Love is just a communist farce
Civilization begins with Paris Hilton




MY LIBRA

You and I in front of the Colоsseum in Roma
Your slender palm on Julia’s teat
The weddings of our fast friends
Birthdays Yours Mine
Beaches Parties
Drunk weeding guests Slimy men
Your warm letters from America
Full with metaphysical theories
Some kind of small women’s souvenirs
From every destination
Pictures Inscriptions
Objects and many memories
Walk through my bricks
Moving the foundation underneath my sheet
Your tailor tapping under the bed
The neighborhood cats are excitably mating
Something ‘s glimmering
Like your eyes during a metaphysical dispute
Fragments of moon are circling above my head
Metaphysical questions are tearing off my mind
Tears as a full moon
And
Spinal pain in the divot
Undefined divot

Your absent presence is killing me

My womb is ripping apart

Yowling like a cat before mating
Because I have no one

No one that much like You

No one as You

My Libra is gone
My daydreamer
My unpredictable Libra
Only the blue-sky barbell
Only the pan of doom
Tapping agitatedly
Diabolically

My womb is crying
My moon is yowling

As a person

I have no one
For a metaphysical dispute


MY DEAR DEADS


My story is smoldering
Babies are born with a cry
Did you ask yourself why are they not born with a smile?
The movies are full of death
Violent Pain
Blood in every scene
I’m obsessed with the ghosts of my Dear Deads
Why do I have Dear Deads as yet as now?
They come to my dream
Asking me to dance
Sometimes I make love with them
Is that bad?
The world is bleeding
In every scene
The babies are crying for being born
It’s disconsolately
The sobbing is smoldering
As an untold story
Waiting to shoot
To blast my Eye
So it can leak on my cheek
So It can shed on me
While I’m dancing
With my Dear Deads
Why do I have Dear Deads as yet as now?


2011-08-21

КИСЕЛ ВКУС




Кисел мирис на халуциногена таблета
Кој да ти каже љубов моја
Дека ноќва ја проголтувам
Дека ноќва имам нова муза
Сјајна
Светла

Неговата бледа затегната кожа
нешто помеѓу машка и женска
Неговите тенки нежни прсти
Неговиот хермафродитски задник
Поубави се од твоите љубов моја

Тој не е моја љубов

Тој е мала халуциногена таблета за спас

Бледа простата
Нежна муза со сон
за сопствена матка
и енормна желба за деца
Потомци
Негови
Мои

Оти
тој не знае ништо
за сладострастието
ни за генијалноста

Онаа која се граничи со
Лудило

Дали би му пишал
Онака тајно
како што знаеш само ти
Онака без лингвистички правила
Без празни места
За сладострастието
Генијалноста
или Лудилото
Она неконтролираното

Дали би му пишал тајно
Онака како што знаеш само Ти
Дали би ја поучил мојата муза
Како се станува маж
Како се користи простата
Како се вади лудилото од јајник
Дали

Кој да ти каже љубов моја

2010-10-16

МОИТЕ ДРАГИ МРТВИ




Ми тлее приказна
Бебиња се раѓаат со плач
Сте се прашале ли зошто не се раѓаат со смеа?
Филмовите се преполни со смрт
Насилна Болна
Крв во секоја сцена
Опседната сум со духовите на моите драги мртви
Зошто имам драги мртви уште сега?
На сон ми идат
Ме викаат на танц
Понекогаш водам љубов со нив
Лошо ли е тоа?
Светот крвави
Во секоја сцена
Бебињата плачат што се родиле
Неутешно е
Плачот тлее
Како нераскажана приказна
Чека да го пукне
Да ми го распрсне
Окото
Да ми тече по образ
Да се лее по мене
додека танцувам
со моите драги мртви
Зошто ли имам уште сега драги мртви?

2010-05-06

СЕНКИ (инспирирано од Милчо Манчевски)




Требаше тогаш
кога ја видов вашата бездна
и сенките ужасни меѓу вас
поголеми од оние на М.М.
да се прашам
како ли живееш ти без мене
Не знаев тогаш дали сенките се ваши
или се тоа сенките твои осамени
залутани во времето
поцрнети од гревот
расцепени од гневот
Ги видов тогаш
како што ги гледам и сега
големи и застрашувачки
растегнати и заканувачки
како темен ореол околу тебе
како страшно минато
како несреќна сегашност
Знаев тогаш
како што знам и сега
дека те прогонуваат без престан
дека и во кошмарите
бараш прошка моја
Требаше тогаш
ко што треба и сега
да ти шепнам тивко
ко сенка во исчезнување
да го вратиш она што не беше твое
Требаше да те прашам тогаш
ко што треба и сега
ќе научиш ли да живееш ти без мене
без моите погледи полни обвинување
без моите неми простувања
Ама повлечена бев тогаш
ко што сум и сега
од твојата лична бездна
од твоето неконтролирано треперење
од твојот страв
дека нема да најдеш
друга прошка освен мојата
Како ли ќе живееш ти без мене

2010-04-09

ОЛУЈА




Олуја
Слаба е и таа
И ниту еден
национален пијалак не е доволнo силен
ниеден нобеловец на литературата
доволно интересен
за да го убие празното во
моето огледало
или шуплото во мојот стомак
или полното во мојата глава
фиксацијата кон твоето тело
заоблено како буквата од твоето име
како твоите ширум отворени очи
додека ме бакнуваш опсесивно
обземен од живото во моите усни
додека ме голташ секогаш
како за последен пат
како чоколадо со лешници
како забранет вкус на никотин
како слика во исчезнување

2010-02-02

ЛИТОСТ (Според еден збор кај Кундера)



Истанбул врие
Лие од секое каменче
Вака никогаш не врнело во Скопје
Театaр
Монодрама во малата хотелска соба
додека истородни кирилични букви
се лијат по моите набрекнати гласни жици
додека во прстите понира кундеровското чувство
додека флуктуира Литоста
Скопје е далечно Скопје е суво
Знам од нет
Ти си далечен Ти си без движења Нестварен
Знам од сеќавања
Никогаш толку јасно како сега
Само буква Процеп во меморијата
Временска пукнатина во ѕидините на Бизант
Тука не грми филмски Тука врне
без драматизација Џамиите застрашувачки
гласно ја извикуваат
ја повторуваат цело попладне страшната
буква од твоето име
како тоа да е сосема природно
како што е природно да чувствувам толку литост
поради фактите од твојот живот
твоите лични фобии
Фрустрации
Ротација Филмски сет
Султанските сводови
Атриумите Цистерните
Спинално се вртат околу сопствената оска
Како тоа да е сосема политички коректно
Како што е eтички коректно секој збор
да ја содржи таа буква
со лична симетрија И сe се врти
Ротира Босфор околу својата
четврта буква Магија
Историја во филџан кафе
Мал е и Босфор за да го удавам ова чувство
Оваа кундеровска литост
Мириса на предавство
На твојата прва буква Мириса на тебе
Илјадници кирилични букви
Од олуците Од минарињата кои врескаат
Од главата полна експлозии
Огномети Форми
Сини Големи Непредвидливи
Како ветрот Како тебе
Босфор ја завива својата четврта буква
застрашувачки гласно Камбаните пукаат
Мојата литост непопустлива е

2009-11-06

ВОСОЧНА ФИГУРА




Во мојот сон
Ти се влечеш на колена
(ама не пред мене)
Во мојот сон
Ти се влечеш на колена
(ама пред друга)
Во мојот сон
Јас купувам бели чевли
Купувам без контрола
Стотици рала бели чевли
Износени и нови
Во мојот сон
Јас сум само сенка
Ти си восок
Подрастопен
Смешна фигура
со центар за рамнотежа
Во мојот (секоја ноќ) ист сон
стотици рала износени
бели потпетици
се тркалаат кон тебе
Во мојот сон
Ти си сон
Трчаш по метроа
Ловиш трамваи
Во мојот сон се рушат авиони
И сонцето е само бледа сенка
на твојата светлина
Во мојот сон
Ти постојано некаде трчаш
Се фрлаш под возови
Скокаш од карпи
Во мојот сон
Ти коленичиш на еден перон
Пред чифт бели потпетици
пред една растопена восочна фигура без рамнотежа
Хаос во мојот продолжен сон
Во мојот секогаш ист сон
Авионите се мали
хартиени и се рушат
Плачам в сон
Ги дочекувам утрата на бели потпетици
Далеку е сонцето
Врз мене паѓа само твојата сенка
Јас сум семка
Закржлавена
Под твојата големина

2009-10-16

МОЈАТА ТЕРЕЗИЈА




Јас и ти пред Колосеумот во Рим
Твојата тенка дланка врз цицката на Јулија
Свадбите на нашите брзи пријателки
Родендени Твои Мои
Плажи Журки
Пијани сватови Лигави мажи
Твоите топли писма од Америка
полни метафизички теории
Некакви мали женски сувенири
од секоја дестинација
Слики Писма Посвети
Предмети и многу спомени
Ми чекорат по циглите
Го движат тлото под мојот чаршав
Твојата терезија тропка под креветот
Маалските мачки раздразнето се парат
Светка нешто
како твоите очи при метафизички спор
Парчиња месечина кружат над мојата глава
Метафизички прашања се откинуваат од мојот ум
Солзи
Како полна месечина
Спинална болка во откорнатото
Недефинираното откорнато
Твоето отсутно присуство ме убива
Матката ми се расцепува
Реви ко мачка пред парење
Оти немам никого
Никого толку како Тебе
Никого како Ти
Ја нема мојата терезија
Мојата мечтателна
Мојата непредвидлива терезија
Само небесниот тег
Судбинскиот тас
тропка потресно
Адски
Плаче мојата матка
Реве мојата месечина
Како човек
Немам веќе никого
за метафизички спор

2009-07-09

...на Кика


Никој жив не го научи
твојот бескрајно романтичен јазик
Составен од сите кованици за љубовта
Измешан со глаголи
на медитеранските војсководци и робови
кои ти сакаше да ги наречеш големи љубовници
(иако знаевме и двете дека мажите немаат чип за љубов)

Тебе Венеција ти беше мала
Рим валкан
Кина просечна
Куба бедна
Америка дебела
Европа импотентна

И додека ние останатите се дрогиравме со се и сешто
(најмногу со гнев кон сопствените тела)
Ти сонуваше со отворени очи
за Лондон и Париз
за Москва и Санкт Петербург
за некои времиња од романите на Толстој и Балзак

Не го најде коренот на својата лунатична душа
Не ја доживеа идеалната љубов
Ти прва во се
поита да се споиш
со душите на големите светски љубовници
да ги научиш изумрените медитерански јазици

Спиј бурно
Љуби романтично
додека ние бедно живуркаме
во нашите кожи на мали балкански робови

2009-06-22

ВРАЌАЊЕ



Ти се враќаш
со истиот нефокусиран поглед
Ми клекнуваш
Ти се враќаш ист
ко одамна изгубена реалност
ко прооден од туѓ сон
Ти се враќаш сега
влечејќи се сосем
пред мене осамата
Ти сега се враќаш ист
кога сакам да сум сосем сама
ко прогонета
во некој за мене туѓ сон

2009-04-06

ДЕН НА ЖАЛОСТ




Јас и Ана плачеме
Пред куќата на Македонија
Нема ни куче
Сами сме
И боси сме
И нашите балски фустани се веат на бандерите
Нема војници на улицата
Ни тенкови
Ни мртви
А војна е
Вистинска
Војна на суети
Перјаници и натовци
Се сликаат крај Просјакот
Па крај Шмизлата
Тоа било ин
А војна е
Вистинска војна
помеѓу лудите
и ограничените
победува
кичот

2009-03-12

Мојата нова книга

Морам да се пофалам дека имам нова книга „Во аквариумот на Барби“ во издание на Блесок.


2009-02-10

Толку малку (според Анти)


Толку многу те немам нестварен мој
што би можела и без допир да те деконструирам
и без ментален напор да се претворам во твоја рака
Толку многу си далечен
што би можела и без здив
да се конвертирам во флуид
и ко флуид да ги истражувам по себе
остатоците од твоите усни
Толку многу си недопирлив
што би можела да се трансформирам во скопска Грејс
и би можела да те претворам во мој сопствен Вил
Толку многу се губиш нестварен мој
што би можела да станам реконструкција во твоите дела
сериска муза од твојата комора
Толку многу исчезнуваш
што би можела и без движење
да ги раскинувам врските со реалниот свет
и без движење ко божем Ти
да навлегувам во сопствените депресии
Толку многу се сокриваш нестварен мој
што би можела и наизуст да ги научам твоите смс-и
и би можела да ги инкорпорирам твоите банални изговори во драма
Толку многу си нестварен
што би можела да ги објавам
нашите chat-ови на блог
и би можела да се вљубам во твоето отсуство
во твоето криење
во твоето бегство
во твојот страв
Толку многу си закопан некаде далеку
што би можела да го врескам твоето име и без да ме чуеш
и би можела да го засакам твоето платонско присуство
Толку многу си исчезнат од мојот свет
што би можела театрално да ги одгризам сопствените тетиви
и би можела да ги голтнам сите медикаменти од аптеката
Толку многу те нема со денови
тебе нестварен мој
тебе отсутен мој
тебе минат мој
тебе свршен мој
тебе несоницо моја
Толку многу те немам

ИЗГРИЗАНИ КОЖИЧКИ


Моето месо на масата мазохистички мами
Масата е минорна
Мрмори мојот млад миленик
Мрморењето е меко
Мрмори моето месо
Мрмори и масата
Мојата маса медитира
Минорно
Ко меридијан
Мојот млад миленик растегнат низ масата
ме потиснува до мезанинот
Мрмливо ми ја мати свеста
понирам во масата
изгризаните кожички околу неговите нокти
ја моделираат масата
некоја замислена жена медитира меѓу нас
во минливиот миг меѓу мене и мојот млад миленик
некој замислен мулат го метастазира мазохизмот
ми кине вресок
воздухот е метеор
меко го ловам
моќно го барам
околу изгризаните кожички
на неговите прсти

2008-05-12

Продажба на „Божица на подивените мачки„

http://www.blesok.com.mk/shop/- место каде можете on line да ја купите мојата најнова стихозбирка, како и во книжарниците Табернакул, Или-Или, Три, Точка.

2008-04-18

Мојата нова стихозбирка

Излезе од печат мојата нова книга, во издание на Блесок. Многу сум среќна!

2008-02-05

Mr. High Class


Вечерва сите нешто слават
Некаде се трудат да стигнат
Пред мене Преку мене
Пред моите слики Преку моите мисли
Клекната жена на сред ливада која уринира-
тоа е мојата најимпресивна слика сега
Маж кој плаче со рацете преку лице -
сега ми е најфасцинантна естетика
Сега кога ти се обидуваш да ме навредиш
Со твојот монотон зарипнат глас
Со твојот непотребен молк
Со твојот никаде вперен поглед
Некаде
Пред мене Преку мене
Пред моите слики Преку моите мисли
Со една саркастична насмевка
Со еден веројатно непристоен предлог
Ти сакаш да ме навредиш ноќва
Кога сите нешто слават
Некаде брзаат
Ноќва кога јас сум опседната со слики
Кога сакам да заборавиш кој си
Сакам да ми зборуваш за твојата естетика
За твоите слики
Ти нешто неприродно мелеш
Ти си фраер High Class
Не знаеш која сум јас
Важно ти е само да ме навредиш
И само тоа е енергија наоколу
Пред мене Преку мене
Пред моите слики Преку моите мисли
Која јас немам моќ да ја разберам

2007-10-28

АЛЕРГИЈА



Излижи ме

Моите очи се алергични на снег

Антарктикот се топи побрзо од очекувањата

Излижи ми ги очите

Нека твојот јазик со неочекувани димензии ми го растопи умот

Всадувај ми го Антарктикот во центарот за вид

Растопи ме во снегот



2006-09-30

ПЛАСТИЧЕН ОБИД ЗА САМОУБИСТВО




Сакам нов газ и нови цицки нов мозок нова јас
додека го планирам совршеното самоубиство
додека театарски го поставувам мизансценот на мојот иден погреб
само за да ги замислам хипер-реално лицата на сите кои ме оплакуваат
на сите кои констатираат колку генијална поетеса сум била
а всушност плачат над сопствениот кукавичлук да испијат шишенце розови таблетки

Сакам нов газ и нови цицки нов мозок нова јас
додека го одлагам за уште една ноќ моето совршено самоубиство
додека театрално ја замислувам мојата постхумна слава
само за да го видам случајно мојот омилен пациент
кој во следните дваесетичетири часа ќе сфати колку реално ме сакал
и никогаш повеќе нема да се обиде да задоволи друга жена

Сакам нов газ и нови цицки нов мозок нова јас
додека се маскирам со професионалност на make up stilist
додека вешто ги сокривам несовршеностите на ова мое сегашно тело за во новата дупка
само за да се изнапијам вотка за последен пат со некој случаен пациент
кој утре ќе прочита колку генијална поетеса сум била
а потоа реално ќе размислува за пропуштената можност да ми биде последен

2006-06-24

ТАЖНО КУЧЕ


Бар. Сосема познат. Некако одомаќинет во мојата перцепција. Со портокали и лимони во огромна тегла. Се гледаме во два спротивни агли. Како да војуваме. Како физичката привлечност да е битка на суети. Како да се плашам што си дел од мојот полноќен сон. Вознемирена сум од твојот поглед. Од спокојството под твојата брада. Од матното во твојот израз. Од твоите тажни очи како кај напуштено куче. Додека случајно ми го допираш прстот. Додека намерно ме вознемируваш. Додека сосема спокојно помирен со својата природно вродена тага ме гледаш во прстите, во деколтето. Помислувам дека сум грда. Скоро колку ти. Ме вознемируваш. Вознемирено почнувам да ти требам.

2006-05-24

БУРЕ


Светот напукнува
Од малку митологија

Испровоцирај ме
Со малку крст

Кравите молчат
Малку како в музеј

Некој се движи меѓу нашите хемисфери
Како малку да ни се потсмева

Ние вкопани
Молкума пишуваме малку оди

Бурето ни се урива
Од малку неучество во неизбежната рамка

2006-04-23

НАЈМОЛЧАЛИВИОТ ЉУБОВНИК



Во посттрауматска агонија
лежам до најмолчаливиот љубовник
Неговите анемични очи без естетика се тивки
Неважно им е што преживувам посттрауматска агонија
Тивко дишат додека
водам жестоки ментални разговори со кубистичките саксии
Расцветаните ѕидови ми реплицираат
Ме потсетуваат
на траумата
на играта без поента
Во посттрауматска агонија
само лежам крај најмолчаливиот љубовник
Без потреба од говор
Најмолчаливиот љубовник ги бара моите солзи низ перницата
Ѕидовите се ротираат
Расцветаните неба ми го продупчуваат душникот
Интуитивна мисла ми го стега темето
Тензија
Посттрауматски подземам воздух
Едвај успевам да не полудам
Да не се разголам до душник
Поради најмолчаливиот љубовник до кого лежам
Заборавам да плачам на глас

2006-04-17

ПОЛНОЌНА РАЗДЕЛБА





Во мрачен тоалет кој мириса на свежо испушен џоинт жена со лице на фотомодел плаче свртена со лицето кон плочките на ѕидот Во мрачен тоалет кој мириса на тазе испафкан џоинт висок дебел маж испружен во еден агол ја држи својата глава меѓу рацете Жената полека го совладува трогателното липање и со неочекувано смирен глас започнува да го вербализира својот плач “Како ли ја промашив траекторијата, како ли треснав, удрив и се заглавив во оваа пукнатина каде нема ништо друго освен ти? Како ли дозволив да заглавам вака срамно и вака бесполезното да претам во место. И не знам што е полошо-сознанието дека уште малку ќе се скинам или срамот што дозволив јас - неспоредливата летачка да треснам во лошо испречена фасада.”
Мажот ја погледнува со жалење но таа е свртена со очите кон ѕидот и само го слуша неговото испрекинато и заканувачко мрморење “Престани те молам да мудруваш и дозволи да разговараме како возрасни. Врати се. Ме слушаш ли? Приземји се и погледни ме!”
“Те гледам, без гајле... те гледам… Знам дека лежиш со главата малку навалена кон левото рамо и дека си го чешаш носот додека поткашлуваш. Ги знам сите твои мимики и гестови, добро знам како го вдишуваш воздухот и лесно го препознавам ритамот на твоите нозе. Продолжи. Верувам добро си се потковал за дуелов. Продолжи да мавташ и да го повишуваш тонот, иако нема потреба од твојата театралност.”
“Госпоѓата Секогаш Совршено Смирена. Добро, ајде од почеток. Ајде...”
Жената со лице на фотомодел вкочането но сепак спокојно се свртува кон дебелиот маж “Мојата смиреност некогаш те восхитуваше, те смируваше, те опушташе. Ти беше тој кој со часови можеше да го набљудува мојот совршен паралелен профил и да воздивнува од спокојноста на моето строго, но сепак мило лице. Ама кај тебе се е многу лесно променливо, така беше нели, сега мојата искулираност те нервира. Сега од мене беснееш. Нема потреба од објаснувања, ако ме прашаш мене. Можеш слободно да заминеш некаде каде ќе те третираат како што милуваш”.
“Те молам да разговараме како нормални луѓе?”
“ Нормални? Што се тоа нормални луѓе?”
“Нормални луѓе се оние луѓе кои не зборуваат во стихови, луѓе кои јадат со прсти и се караат кој ТВ канал ќе го гледаат. Сакам бе, кога ќе си дојдам дома пијан да ми се дереш, да ме пцуеш. Тоа сакам. А не да слушаш по цел ден некоја мртовечка музика, да живееме од просо и стихови.”
“Па нели тоа ти беше восхитувачки, оригинално? Нели за тоа се ожени баш со мене, а не со некоја дактилографка? Нели паѓаше во несвест од мојата необичност, а моите стихови ти беа храна? Драг мој, овој концепт на живот е подеднакво твој колку и мој. А зошто, впрочем г-не Нормален тоа почнува да ти смета дури сега, по три години? Или сега имаш други уши кои ќе ги слушаат твоите неоригинални и милион пати слушнати финти. Твојот проблем е што ти мегаломански сакаш секогаш да бидеш во центарот на вниманието. Да ти се аплаудира константно, а ти да живееш на бис. Тебе ти е потребна публика, не нормалност.”
“Ме направи чудак, ме одвои од светот, ме лиши од деца, од семејство...”
“Да, ти ги скинав ланците. Не, ти сам си ги скина. Јас не сакав да биде така. Ти ми дозволи да те повлечам. Наместо ти да ме кренеш нагоре, дозволи да те повлечам во сосема друга димензија. Знаеш, јас те одбрав тебе оти проценив дека си ептен нормален. И мислев ти ќе ми покажеш како се станува дебела и здодевна... Знаеш, јас бев нормална некогаш, одамна, но сакав да бидам нешто поинакво од останатите и ненормално создавав ненормалности. Еден ден тие толку се намножија, што конечно ми станаа нормални. Затоа решив да направам нешто ненормално и се омажив за тебе. Мислев си врзав камен. За да се приземјам. Ама, ете, крилјата ми биле многу цврсти, можеле да кренат двајца.”
“Сега јас сум виновен што ти се криеш зад својата литература, мавташ со стихозбирките, продаваш медитативни рецепти за подобро варење храна. Литературата ти е само параван за избегнување на божјите и човечките должности, оружје пред нарцисоидноста и мрзеливоста, пред стравот да не ти се скрши нокт ако направиш јадење или дека убавиот газ ќе ти висне ако родиш дете.”
Убавото лице се искривува во навредена гримаса и таа со малку повисок тон му одговара на смешно легнатиот дебел маж “Ако некој овде мавта со моите стихозбирки, тоа си ти. Се китеше со нив, ме понудуваше на светот, ме продаваше. И очекуваше аплауз, восхит, коленичење пред мојата генијалност. Ти скокаше пред камерите додека се влечев по тебе како скината сенка. Се додека не продаде сe за да можеш сега да купуваш дребулии со кои ќе ги восхитуваш нимфоманките низ градот. А ако сакаш да бидам нормална, можам јас и тоа. Знам и јас да варам грав, можам и дете да ти родам. Ама не вреди да ти се покаже сe. Всушност за тебе отсекогаш беше резервирана поетесата, мислителката. Тебе, ако добро паметам, до вчера те ужаснуваше мирисот на манџа, повеќе сакаше џоинт?” Таа клекнува крај него и сосема тивко и бавно му ги истура сите грди премолчувани вистини “Знаеш, најпријатна состојба ми е кога глумам. Отсекогаш сакав да бидам актерка и во рацете на некој холивудски гангстер да се стопувам додека над нас паѓа the end. Наместо тоа, те добив тебе, балкански дркаџија со комплекс на нижа вредност, трговец со туѓи таленти. Ти мислиш дека јас секогаш сум во облаците и дека не ги забележувам твоите вродено сељачки манири? Ама ми се гади од простотилук, ми се гади од тебе!”
Тој ја гледа со запенети белки Сака да скокне и да ја изедначи со ѕидот но наместо тоа започнува да вреска ”Е сега претера! Знаеш дека ме губиш, па глумиш дека ме читаш, дека си страшен психолог. И да знаеш Лили не е првата со која те изневерувам.”
“Лили! Можам да ја замислам. Лили! Дебела, со куси нозе, фолк- имиџ и смисла за хумор многу слична на твојата. Интелектуалните муабети не и лежат, ама затоа е добра за орал, анал… Се надевам со неа ќе ги немаш оние проблеми, дека со неа ќе можеш да се предадеш, да свршиш. Сакаш дете, но зошто не пробаш да го направиш?” Се приближува до него и со цинична насмевка му се загледува в очи Тој бесно ја оттурнува Го дофаќа со дланки згрчени нејзиниот грклан Таа не трепнувајќи го гледа неговото замрачено лице
“Немој за тоа, немој. Ти, ти си секогаш толку резервирана, ладна љубовница, неперверзна и стерилна жена....”
“Нормална.”
Тој знае дека трпението го нема Решава да го напушти овој тесен смрдлив рај и да стави крај на едно долго измачување “Сега одам, а ти размисли.”
“За тебе да размислувам? Не се преценувај”
Тој излегува Таа започнува да плаче Знае дека нејзината смисла за живот засекогаш ја напушта Знае дека утре ќе ја нема

2006-04-14

Пијанистка

Последнава работна седмица, секој слободен миг од денот (ги немаше многу такви) го користев да читам еден прекрасен роман кој ме остави без здив. Станува збор за романот Пијанистка од Елфриде Јелинек, првпат објавена во 1983 год. Македонскиот превод е од Слободанка Поповска, издание на Слово од Скопје, печатена 2005 год.
Авторката, Елфриде Јелинек, од критиката била оценувана како крајно контраверзна авторка која во своите дела давала критички одраз на реалноста од женска перспектива.... Ова го пишува во Белешката за авторот и веројатно е преземено од некоја критика. Ќе препишам уште дека во 1998 год. ја добила престижната Бихнерова награда, во 2002 год. Хајнеровата награда, а во 2004 год. и Нобеловата награда за литература
Нема ни јас многу да додадам, само ќе кажам дека во романот е раскажана помалку контраверзна семејна релација меѓу мајка и ќерка, која го первертира сексуалниот живот на ќерката. Книгата е пишувана во многу провокативен, модерен дискурс.
Им препорачувам на сите амбициозни писатели кои сакаат да пишуваат проза да го прочитаат овој роман.

2006-03-21

КРЦКАЊЕ



ѕидовите дишат тешко
креветот крцка тромо
тој се предава толку лесно
бргу
тој се подава толку непретпазливо
наивно
тој толку вешто се лизга насекаде
по раскрцканиот кревет
по мене
наоѓа зони
реони
неоткриени
тој толку суптилно крцка
во ритамот на забревтаните ѕидови
крцка
со мене
докрцкува