2006-06-24
ТАЖНО КУЧЕ
Бар. Сосема познат. Некако одомаќинет во мојата перцепција. Со портокали и лимони во огромна тегла. Се гледаме во два спротивни агли. Како да војуваме. Како физичката привлечност да е битка на суети. Како да се плашам што си дел од мојот полноќен сон. Вознемирена сум од твојот поглед. Од спокојството под твојата брада. Од матното во твојот израз. Од твоите тажни очи како кај напуштено куче. Додека случајно ми го допираш прстот. Додека намерно ме вознемируваш. Додека сосема спокојно помирен со својата природно вродена тага ме гледаш во прстите, во деколтето. Помислувам дека сум грда. Скоро колку ти. Ме вознемируваш. Вознемирено почнувам да ти требам.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment