2024-03-27

МАРТ




Глумиш коцка лед 

Украсно висиш на обесениот ѕид

Несвесниот март во твоите мускулни влакна 

ме дофаќа 

Затреперува бура Ти ко бура 

Јас ко ветар Ја поткревам завесата

пред надојдениот бран   

Ко зашеметен ветар шетам ваму-таму 

околу скаменетото пулсирање

Се качувам со поглед Се качувам со здив Со усни      

Погоре го кревам морето 

Погано насмевнат твојот поглед се заканува

Со ум ме зграпчуваш

Ме зграпчуваш со нозе Зграпчена сум во тебе

Бурата нè опфаќа

Мартовско празнување ми приредуваш

Ме обликуваш Ме вајаш

Водено ме тркалаш околу надојдените бранови

Ме притискаш ко шампањска пена

Ме лижеш Шлаг

Ко вода ме раздвојуваш

На градите свои ме стопуваш

Ме исчезнуваш во своите раскошни мартовски гради

Во твојата боговска кожурка

No comments: