2024-03-19

БОЖИЦА НА ПОДИВЕНИТЕ МАЧКИ

 





Моите извици на голема ранета мачка

го разбудуваат твојот обесен светец

Неговата нема насликана претстава

неразбудена со векови

сака да ме замолчи

Да го прекине моето врескање

Тој би го употребил малото насликано копје кога би можел

Моите извици го подгреваат твојот личен атеизам 

Го предизвикуваш да направи чудо

Сега и овде да ме замолчи

Го одмеруваш своето копје со неговото насликано

Полн со себе Ме распнуваш

Како божица на мачките

Ве гледам без трепнување

големиот светец

па тебе

големиот светец

па тебе

...аналитично го доловуваш врескањето

помислуваш дека кога не би врескала толку

би била сосема добра сопруга со устата ко бонбона

со нежните меки свиоци на телото

со циничноста...

Запира твојот внатрешен монолог

Сосема празен ги бараш знаците на победата

Лежам под сликата на светецот

како голема мртва мачка

Светецот оглувен пред околу 5 минути

доловувајќи ги моите фацијални експресии

го претчувствува нашиот крај

 


No comments: