кога ја видов вашата бездна
и сенките ужасни меѓу вас
поголеми од оние на М.М.
да се прашам
како ли живееш ти без мене
Не знаев тогаш дали сенките се ваши
или се тоа сенките твои осамени
залутани во времето
поцрнети од гревот
расцепени од гневот
Ги видов тогаш
како што ги гледам и сега
големи и застрашувачки
растегнати и заканувачки
како темен ореол околу тебе
како страшно минато
како несреќна сегашност
Знаев тогаш
како што знам и сега
дека те прогонуваат без престан
дека и во кошмарите
бараш прошка моја
Требаше тогаш
ко што треба и сега
да ти шепнам тивко
ко сенка во исчезнување
да го вратиш она што не беше твое
Требаше да те прашам тогаш
ко што треба и сега
ќе научиш ли да живееш ти без мене
без моите погледи полни обвинување
без моите неми простувања
Ама повлечена бев тогаш
ко што сум и сега
од твојата лична бездна
од твоето неконтролирано треперење
од твојот страв
дека нема да најдеш
друга прошка освен мојата
Како ли ќе живееш ти без мене