2006-04-23

НАЈМОЛЧАЛИВИОТ ЉУБОВНИК



Во посттрауматска агонија
лежам до најмолчаливиот љубовник
Неговите анемични очи без естетика се тивки
Неважно им е што преживувам посттрауматска агонија
Тивко дишат додека
водам жестоки ментални разговори со кубистичките саксии
Расцветаните ѕидови ми реплицираат
Ме потсетуваат
на траумата
на играта без поента
Во посттрауматска агонија
само лежам крај најмолчаливиот љубовник
Без потреба од говор
Најмолчаливиот љубовник ги бара моите солзи низ перницата
Ѕидовите се ротираат
Расцветаните неба ми го продупчуваат душникот
Интуитивна мисла ми го стега темето
Тензија
Посттрауматски подземам воздух
Едвај успевам да не полудам
Да не се разголам до душник
Поради најмолчаливиот љубовник до кого лежам
Заборавам да плачам на глас

No comments: