2008-02-05

Mr. High Class


Вечерва сите нешто слават
Некаде се трудат да стигнат
Пред мене Преку мене
Пред моите слики Преку моите мисли
Клекната жена на сред ливада која уринира-
тоа е мојата најимпресивна слика сега
Маж кој плаче со рацете преку лице -
сега ми е најфасцинантна естетика
Сега кога ти се обидуваш да ме навредиш
Со твојот монотон зарипнат глас
Со твојот непотребен молк
Со твојот никаде вперен поглед
Некаде
Пред мене Преку мене
Пред моите слики Преку моите мисли
Со една саркастична насмевка
Со еден веројатно непристоен предлог
Ти сакаш да ме навредиш ноќва
Кога сите нешто слават
Некаде брзаат
Ноќва кога јас сум опседната со слики
Кога сакам да заборавиш кој си
Сакам да ми зборуваш за твојата естетика
За твоите слики
Ти нешто неприродно мелеш
Ти си фраер High Class
Не знаеш која сум јас
Важно ти е само да ме навредиш
И само тоа е енергија наоколу
Пред мене Преку мене
Пред моите слики Преку моите мисли
Која јас немам моќ да ја разберам

No comments: