2006-04-14

Пијанистка

Последнава работна седмица, секој слободен миг од денот (ги немаше многу такви) го користев да читам еден прекрасен роман кој ме остави без здив. Станува збор за романот Пијанистка од Елфриде Јелинек, првпат објавена во 1983 год. Македонскиот превод е од Слободанка Поповска, издание на Слово од Скопје, печатена 2005 год.
Авторката, Елфриде Јелинек, од критиката била оценувана како крајно контраверзна авторка која во своите дела давала критички одраз на реалноста од женска перспектива.... Ова го пишува во Белешката за авторот и веројатно е преземено од некоја критика. Ќе препишам уште дека во 1998 год. ја добила престижната Бихнерова награда, во 2002 год. Хајнеровата награда, а во 2004 год. и Нобеловата награда за литература
Нема ни јас многу да додадам, само ќе кажам дека во романот е раскажана помалку контраверзна семејна релација меѓу мајка и ќерка, која го первертира сексуалниот живот на ќерката. Книгата е пишувана во многу провокативен, модерен дискурс.
Им препорачувам на сите амбициозни писатели кои сакаат да пишуваат проза да го прочитаат овој роман.

No comments: