2005-11-28

ПОНЕДЕЛНИК


Сега пронаоѓам знаци
Во искинатите чорапи
Во кафето кое претекува
Моите здодевни цртежи трчаат низ собата
Се е наопаку ова утро
Баксуз
Маглив миг без светла
трчам
монодраматизирам
теоретизирам и стојам на линијата со солзи
очигледно барајќи начини
да те оправдам тебе пред себе-авторитетот
да му објаснам
на кафето распослано низ шпоретот
дека ти не си егоистичен хедонист
зборувам и со искинатите чорапи
ги игнорирам знаците за баксуз живот
и уверувајќи се дека глобусот ќе стане коцка
сега наоѓам смисла
во моите цртежи
во твоите постапки
сега се лажам дека нема совршенства

No comments: