2005-11-23
NATURA BELLA
Додека пијам кафе со моите пријателки
јас мислам на тебе
Додека се смешкам љубезно
глуво си мечтаам за обетката на твоето уво
и сакам да ја одгризам
твојата перверзно испакната уста
твојот перверзен рапав глас
твоите рапави зборови
Бомбона
Додека ја коментираме сезоната на свадби
се сеќавам со радост на ветената предигра
педигрето
возот
звуците на твојата локомотива
локумот кој не го пробав
Додека лижам сладолед
ја гледам во несоница
твојата уста со боја на прегризана цреша
твоите пространи очни капаци
синото под нив
Додека гледам во дрвјата крај патот знам
Ти си убав ко природа
Ти си вистински ко природа
Ти си далечен ко природа
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment