2005-12-06

КРИЗА НА ТРИЕСЕТТИТЕ


Нашите Неродени Деца
Растурени по
меката површина на мојата ушна школка
На чаршавот со фигури од мали деца Врескаат

Разврескано палиш нова цигара
Зборуваш за твоето немање желба за поврзување
Тоа е загрозување на правата на
Нашите Неродени Деца

Мојата горна усна се искривува од немоќ
Од плач
Мојата коса се крева од згаденост
Исправена од болка се соживувам
Во цигарата Чад сум
Меко поаѓам кон твојата утроба
За да се спојам со Нашите Неродени Деца

Да признаам врескам
По
Нашите
Неродени
Деца

No comments: