2006-01-18
ПАТУВАЊЕ
Кон крајот на патувањето престануваме да комуницираме
Мојот совозач се преобразува
Женствено мрмори во тактот на некаква индијанска музика
Исплашена е природата од сопственото преобразување
Јас го замислувам градот кон кој итаме Замислено се спојувам со мојата сетилна жена Со нејзината сетилна кожа Со нејзините сетила полни претчувства Со нејзините коски кои се извиваат Преобразуваат Со порите кои претскажуваат дожд и несреќи
Индијанците ни ја попречуваат комуникацијата Мрмориме
Јас се спојувам со ѕвонливиот глас на мојата сетилна жена Со нејзината мека уста која се извива ко со коски Со спиритуалната страна на нејзиното дете Со плачот на делфините Со небото кое се преобразува со секој изминат метар
Некакви униформирани хомосексуалци прашуваат за мојот пол
Не знааат дека делфините се осамени Распрскани низ небото кое се преобразува Може да ги голтне
Се прашувам дали таа сега ги прeтчувствува делфините
Дали ме насетува дека итам со дождот
Со потсмев кон делфините оформени на небото
Мојот совозач сака да е моја жена
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment