Без дозвола те сонувам
Далечен си
Како експресионизам Експресен Зрак
Нашата љубов нема скокови
Нашата земја нема сокови
Ти си сонце Јас сум баричка
Пареа Нема лигаменти
Ти си отсуство на ѕвезди Сјајно месо
Јас сум сончоглед без пигменти
Ногарките од креветот те допираат Врело
Далечен си
Забрането ми е да те сакам
Но?
Смеам да ти се восхитувам?
Смеам да те сонувам? Секогаш?
Насмеан? Со раце полни сонце? И крилја?
Импресија!
Јас секогаш ќе те сонувам
Како непролетана птичка
ќе се задоволувам
со инерција со далечина
со недефинирана временска линија
No comments:
Post a Comment