(тој)
Врзи ми ги рацете.
Многу едноставно.
Искрши ги моите прсти.
Толку лесно.
Откорни ми ги ноктите.
Толку просто.
Остави ме со моите уништени дланки.
И оди.
Јас ќе ползам низ тесниот простор на мојот кревет
Низ тесното во мојот живот.
Исецкај ме цел.
Така ќе биде пофилмски ефектот.
Па бегај.
Биди ко сите.
(таа)
Ова се моите ужасно подјадени раце.
Моите врвовите без естетика.
Ова се моите прсти.
Ко превртени саксии, по твоја
арт проценка.
Искрши ги.
Не ќе се протегаат по тебе.
Ампутирај ги.
Естетски.
Преврти ги наопаку.
Галантно.
Со стил.
Спаси ги.
Од подјаденост.
Лоша свртеност.
Неартизам.
За да не личат на тебе.
На Ти.
Во темницата.
No comments:
Post a Comment