начин да се сокрие од мојот поглед
да ме нарече потенцијална божица
да го поздрави моето потковичесто соѕвездие
да го преобличи полумракот
заедничкиот копнеж во кој
мислиме на неговата жена
на неговата просечна жена
Би полудела ли ако му го споменам името во стих?
Би плачела ли ако се распнувам по малку секој ден
за да ја достигнам мерката на божественоста?
SMS
Начин да ме импресионира
Да ме потоне во полумрак
Да ме распне
За да бидам божица
No comments:
Post a Comment