Постојано сонувам зарѓени морнари во сива рамка
Како филмска сцена со бура
Морнарите се всушност челични конструкции од 48м
без фрекфенциии и линкови
Нивните тела нагризани од бури
статички неотпорни на ветар
пресретнати од сирени исплашени потресно од разноразни амазонки
нимфоманки и воопшто жени
сега се распаѓаат пред мојата желба да ги подисправам
да ги реконструирам
цивилизирам
Моите сонувани морнари се ужасно подјадени демодирани и закржлавени
Моите зарѓени морнари ко во филмска сцена врескаат без глас
се распаѓаат и сепак бегаат задоволно зарѓени
кон сопствената духовна бура
No comments:
Post a Comment