2011-08-21

КИСЕЛ ВКУС

Кисел мирис на халуциногена таблета
Кој да ти каже љубов моја
Дека ноќва ја проголтувам
Дека ноќва имам нова муза
Сјајна
Светла

Неговата бледа затегната кожа
нешто помеѓу машка и женска
Неговите тенки нежни прсти
Неговиот хермафродитски задник
Поубави се од твоите љубов моја

Тој не е моја љубов

Тој е мала халуциногена таблета за спас

Бледа простата
Нежна муза со сон
за сопствена матка
и енормна желба за деца
Потомци
Негови
Мои

Оти
тој не знае ништо
за сладострастието
ни за генијалноста

Онаа која се граничи со
Лудило

Дали би му пишал
Онака тајно
како што знаеш само ти
Онака без лингвистички правила
Без празни места
За сладострастието
Генијалноста
или Лудилото
Она неконтролираното

Дали би му пишал тајно
Онака како што знаеш само Ти
Дали би ја поучил мојата муза
Како се станува маж
Како се користи простата
Како се вади лудилото од јајник
Дали

Кој да ти каже љубов моја