nnnn

сабота

МОИТЕ ДРАГИ МРТВИ

Ми тлее приказна
Бебиња се раѓаат со плач
Сте се прашале ли зошто не се раѓаат со смеа?
Филмовите се преполни со смрт
Насилна Болна
Крв во секоја сцена
Опседната сум со духовите на моите драги мртви
Зошто имам драги мртви уште сега?
На сон ми идат
Ме викаат на танц
Понекогаш водам љубов со нив
Лошо ли е тоа?
Светот крвави
Во секоја сцена
Бебињата плачат што се родиле
Неутешно е
Плачот тлее
Како нераскажана приказна
Чека да го пукне
Да ми го распрсне
Окото
Да ми тече по образ
Да се лее по мене
додека танцувам
со моите драги мртви
Зошто ли имам уште сега драги мртви?

Creative Commons License
Ovo djelo je ustupljeno pod Creative Commons licencom Sampling 1.0.