2006-03-14

ЖЕЛБА


Ги гледам твоите зеници
Се шират
Се собираат
Некои неритмични звуци го поткренуваат звучникот
Чад им излегува од очите на џуџињата во вреќи
Ти конечно ме почестуваш со еден
Подолг Семантички Исполнет Поглед
Доволно бавен за да знам дека мачно голташ пена поради мене
Сакаш да ми влезеш во чадот
Очекуваш да пријдам
Да ги завијам рацете околу твојот врат
Да се затркаламе во синото сепаре ко коцките лед во една чаша

Ти очекуваш да имам иста желба

No comments: