МЕЃУ РЕДОВИТЕ

Ме прашуваш дали пишувам се уште
Знам сакаш да прашаш:
-Дали ти Sash пишуваш за мене?
Би ти рекла:
-Јас пишувам за секого по малку
Ама ти велам:
-Немам инспирација
Знам ме читаш on line
Ама сакаш да знаеш што мислам
Што точно мислам
Најточно мил мој, мислам само на тебе
Проклето fucking само и единствено на тебе
По цел ден
Понекогаш и по цела ноќ
Не знам дали си се препознал
Дали си се видел помеѓу слоговите
Во празнините на буквите
Во насловите полни метафора
Дали интуитивно си насетил
Дали по инерција си сфатил
Дека те љубам
Онака авто- деструктивно
Како што пишувам

Не си храбар да ме прашаш дрско
Не сум дрска да ти кажам храбро

Comments