2006-01-26

КУЧКИ


Цврсто нe вкотвија во тињата
Сега си ги одгризуваме перјата
Се китиме со изџвакани залци
Од туѓи усти
Со залци без кожа
Само меса
Разголени
Обездушени
Распердушени
Меса
Сакаме крв!
Нема крв
Каде е крвта?
Во устите на други кучки
Ние сме кучки
Разочарани
Отуѓени
Распердушени
Обездушени
Има ли лек?
Да се биде поголема кучка од останатите
Да се позајми
Да се украде туѓо месо
За да се елиминира сопствената крв
Забелешки нема
Само силиконски насмевки
Светот е прекрасен

No comments: