ПАЦИЕНТКА




Директно ме лепиш на црната позадина
твоите заби со магнетна сила
пробиваат до вратната ми жила
до бронхите ми отворени гласно
и додека правиш детален преглед
на дојките ми
и лимфните ми јазли
додека ме меморираш
евидентираш
каде поседувам
младеж
мозолка
или лузна
чуварот манијакално влегува
за да се увери дека е сѐ во ред
да запише во евидентниот картон
дека уште една пациентка
имала уреден наод

Comments