2012-02-09

ДОЗВОЛА ЗА ЉУБОВ

Ни Луцифер
Ни Он
Не можат да го вратат
мигот
милисекундата во исчезнување
точката од времето
полна молк
процепот од вечноста
полн исчекување
на еден збор

неколку слогови
фалат
во нашата приказна
твои
неколку кратки
слогчиња прости
човечки
човечни
за да можам
да си дозволам
конвенционално
да те сакам