2011-10-16

МЕНТАЛНО СИЛУВАЊЕ

Не знаев дека може да се доживее таква болка
Како леден жилет меѓу двете комори
Како стакла распрснати во душникот
Како колци забиени во мозокот
Како воденички камења врз џигерите
Како студени игли
на врвот од нервите
Како електрични шокови
во очните длапки
Како смрзнати песјаци
во утробата длабоко
кај срцето
Како силување во дијафрагмата
Како крвава топка
Во душникот
Па во цревото
Не знаев дека
тебе може толку да те нема
а сепак да си толку посебно во мене
во секое отчукување на мојата вратна артерија
додека сите го шепотат твоето име