ТИШИНА
Кога наутро го гледам нашиот креветби можела да речам дека е најпрекрасен хаос
и би можела да признаам дека твоето лице без естетика
се проѕева прекрасно
Кога наутро го гледам нашиот кревет
би можела да го пуштам сонцето меѓу нас
и би можела ко дете да скокам по него
врескајќи го твоето име
но, јас само те љубам
без движења
без глас
за да не ја нарушам
естетиката на хаосот



<< Дома