2008-11-26

ЖЕНСКИ МУАБЕТИ

Нашите мажи
Без боишта
без адреналин/ тестостерон/ биолошки часовник
тонат во бесмислата на андрогинството
Без арени со лавови
Без сјајни мечеви
Без коњи за трка
Нашите мажи војуваат во дискотеките
Со тенки прсти
со сјаен накит
со сјај на усни
тонат групно во безмислата на андрогинството
Облечени во танги
Вооружени со философии
Нашите мажи имаат најдобри другарки
Таблетки за секоја пригода
Нашите мажи се повеќе се наши деца
Наши домашни миленичиња
На нашите мажи итно им се потребни бојни полиња
Арени со лавови
Сјајни мечеви
Адреналин
Тестостерон
Биолошки часовник