SEXY SHOP
Живеам во сопствениот излогБез сопствениот Кен
Непознатите мажи ги лепат носевите
За да ја видат мојата голотија
Мојот перформанс
Незнаејќи дека
под голотијата сум само јас
Самата јас
Јас
Сама
Мојот Кен е прегазен на пешачки премин
додека некој во далечина свири тажен блуз
додека другите пред излогот се бакнуваат
ко пред удар на ураган
јас неподвижно стаписана сум
пред сопствената голотија
пред една ураган фантазија
за мене и Кен -
како бесрамно водиме љубов
на пешачки премин- зебра
во тажен дождлив ден



<< Дома