ART
Со денови не излегувам од станотТемелно го чистам
па повторно го валкам
Јадам остатоци од храна
Пијам чудни коктели
Го зголемувам купот ќеси со ѓубре
Зборувам сама со себе
Час сум Јулија -час Ромео
Телефонот и интернетот одамна се исклучени
поради ненаплатени сметки
Телевизорот ми е најдобра пријателка
Гледам канали недозволени за малолетници
Ѕвончето ѕвони
Не се ни обидувам да видам кој е
Врне постојано
Грми застрашувачки
По улиците нема никој
Некаков празник е
Не и за мене



<< Дома