ВЕЛИГДЕН
Јас те наоѓам како во бунилоУбијците глаголат молитви
Пак е Велигден
И пак нешто ми го стега душникот
Нешто ме притиска
Нешто како дамнeшна тага
Нешто како грешка во проценки
Проценти
Лош избор
Убијците се крстат
Моите убијци грицкаат нокти
Те наоѓам како во бунило
Камбани
Кршења
Мојата состојба се изедначува со
застрашувачки удари во метал
Монотонија
Одгризано јајце
Тага или фобија
Религиозна сум како поствоен убиец



<< Дома